Портал:Религија/Избрана личност/2010/август
Перун — бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната.
Името Перун доаѓа од индоевропскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.
Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел богот Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот. Прочитајте повеќе