Портал:Религија/Избрана личност

Шри Чинмој (1931 — 2007) — индиски философ и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964 Шри Чинмој е роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој оди во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминува наредните 20 години во духовна пракса-вклучувајќи долги часови на медитација, атлетила, пишување поезија, есеи и духовни песни. Прочитајте повеќе