Портал:Религија/Избрана личност/2009/февруари

Бенедикт XVI (р. 1927) — поранешен папа на Римокатоличката црква.

Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за надбискуп на Минхен.

Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција. Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“, е противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој е и еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ. Прочитајте повеќе