Портал:Религија/Избрана личност/2009/септември
Давид — вториот цар (крал) на Израелско-јудејското царство според Светото Писмо бил . Според преданието, Давид бил наследник на првиот цар, Саул и владеел од 1005 година п.н.е. до 965 година п.н.е. Неговиот наследник е Соломон, неговиот син. Давид е познат како голем писател, музичар и пејач.
Според преданието, Бог го избрал Давид и му дал обеќање дека неговата лоза никогаш нема да биде уништена. Евреите сметаат дека Месијата кој се очекува да се роди треба да биде потомник на Давид. Според христијаните Исус Христос бил директен потомок на Давид. Владеењето на Давид или неговото постоење сè уште не може да се докаже, односно времето, траењето, неговиот живот. Најстарите пишани документи датираат од 9 век п.н.е. од таканаречениот натпис Тел Дана. Прочитајте повеќе