Портал:Регион Македонија/Македонија за време на Римската Империја
По загубената војна на Македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е против Римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел, четирите македонски марионески републики се распаднале и во 146 п.н.е, била прогласена како Римската провинција Македонија. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.
Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикската префектура создадена во 318. Кога Илирикската префектура била поделена на Источен и Западен Илирик во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирик. По расцепувањето на Римското Царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.