Портал:Индија/Избрана статија
Џана Гана Мана (бенгалски: জন গণ মন Jôno Gôno Mono во превод Ти си господар на свеста на сите луѓе) е државна химна на Индија. Напишана е на санскритизиран бенгалски јазик, и е прва од петте строфи на Браманската химна напишани и компонирани од страна на нобеловиот лауерат Рабиндранат Тагоре. Прв пат е испеана на сесијата на Индискиот национален конгрес на 27 декември 1911 во Калкута. Како државна химна прифатена е на уставната асамблеа како индиска химна на 24 јануари, 1950. Музиката за "сегашната верзија" е создадена од композиторот Рам Синг Такур, иако некои го оспоруваат тоа.
Нормалната интерпретација на химната е од 48 до 52 секунди. Кратката верзија трае околу 20 секунди. Прочитајте повеќе