Портал:Астрономија/Избрана биографија
Никола Коперник (1473-1543) е астроном кој прв ја изнесе современата варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев Систем, во неговата епохална книга «De revolutionibus orbium coelestium» («За движењето на небесните кругови»). Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна покраина во Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал.
Коперник бил еден од најголемите полихистори на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник.