Портал:Астрологија/Избрана биографија
Џон Непер од Мерчистоун (John Napier of Merchistoun) (1550 – 4 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистоун (Marvellous Merchistoun) бил шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистоун. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место Мерчистонски Замок, Единбург денес е дел од Неперовиот Универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Кутберт, Единбург. Прочитајте повеќе