Портал:Археологија/Бронзена доба
Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот.
Се разбира, економскиот живот, го определил и правецот на општествениот, политичкиот и духовниот развој на популацијата која го има прифатено новиот тек на развиток во новооткриената технологија. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области.
Бронзениот период е носител и на појавата на првото европско писмо, што се јавило на Крит. Временскиот распон од III и II милениум п.н.е. меѓу народите кои живеат во Егејската област, веќе го носи печатот на културно развиениот европски дух, додека северните земји сè уште живеат во претходниот стадиум од развојот на човештвото. Прочитајте повеќе