Тумба (Породин)
„Тумба“
| |
Местоположба | 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° СГШ; 21.36667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Породин |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на растојание од околу 1,5 км источно од селото и на 800 м западно од асфалтниот пат Битола-Лерин, каде во рамнината се издига тумба висока 2,5 м и со пречник во основата од околу 150 м. Во 1953/54 година Народниот музеј од Битола, под раководство на Миодраг Грбиќ и со учество на група соработници, извршил систематско ископување во централниот дел на тумбата. Значајно е откривањето на остатоци од лепеж од ѕидови на трапезоидна куќа и множество подвижен археолошки материјал од кој се издвојуваат керамичките садови, антропоморфната и зооморфната пластика и посебно жртвениците - макети на куќи со антропоморфни цилиндри. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Бара Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Дупки — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Школо — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Породин;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678