Поранешна куќа на „Охридско лето“
Поранешна куќа на „Охридско лето“ — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија поради нејзината архитектонска вредност и улогата во културниот живот на градот.[1]
Поранешна куќа на „Охридско лето“ | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | неокласично-необарокен |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | почеток на XX век |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Архитектура
уредиКуќата е сместена на самиот почеток на градското шеталиште, на кејот „Македонија“ бр. 1 (старо име кеј „Маршал Тито“), на аголот со булеварот „Македонски Просветители“.[1] Во зградата се наоѓало седиштето на фестивалот „Охридско лето“.[2]
Изградена е на почетокот на XX век во неокласичен стил од непознати мајстори. Поставена е независно и се состои од сутерен, приземје, кат и мансарда. Од јужната страна има двор, ограден со низок парапетен камен ѕид и ограда од ковано железо. Градбата изобилува со неокласически и необарокни елементи — конструктивните и украсните столбови на приземјето и првиот кат, оградите на терасите со керамички балустради и тимпанонот над мансардниот балкон. Јужната фасада, која е најубава, има карактеристични лоѓии и балкони со балустради, столбови и пиластри со капители, профилирани венци и други украсни елементи својствени за класичниот академизам. Прозорците и вратите се симетрично и хармонично распоредени, разделени на полиња на оригинален начин. Другите фасади се поскромни и не се симетрични.[1]
Градбата е масивна со носечки ѕидови. Сутеренот е од камен, а приземјето, катот и мансардата се од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Кеј Маршал Тито бр.1“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 6 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 82.