Порак

вулкан во Ерменија и Азербејџан

Порак или Аксарбахарстратовулкан кој се наоѓа во вулканскиот предел Варденис. Се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од езерото Севан, а вулканското поле ја опфаќа границата помеѓу Ерменија и Азербејџан (Нагорно-Карабах) со лавини текови кои се наоѓаат во двете земји. Десет сателитски конуси и фисурни отвори лежат на страните на вулканот[1].

Порак
Аксарбахар
Највисока точка
Надм. вис.2800 м
Координати40°01′N 45°47′E / 40.017° СГШ; 45.783° ИГД / 40.017; 45.783
Друго имеАксарбахар
Географија
Порак на карта

Карта

Местограницата помеѓу Ерменија и Азербејџан
Матичен венецВарденис
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув778 BCE ± 5 years

Самиот вулкан Порак е датиран околу 15 ± 15 ka според Калиум-аргонското датирање[2]. Два долги лавини текови, од кои едниот е со должина од 21 километри, се протегаат од вулканското поле северно и североисточно. Во областа има термални извори, а средината на плеистоценот Хонарасар се наоѓа на север од Порак[3][4]. Комплексот е изграден од делумно седиментни карпи и делумно вулканогенски серии од горната креда и еоценот.[2].

Опис

уреди

Постојат четири етапи на трахијандезитски лавини текови, од кои најстариот го формирал самиот вулкан Порак и помладите три добиени од конуси и фисури[2]. Двата видови на лавини текови ги прекриваат наносите на Севанското Езеро со тенка покривка на почвата од раната фаза на Холоценот. Втората фаза формирала текови на лава кои влегуваат во езерото Алагел и не се покриени со почвата[3].

Неколку археолошки наоѓалишта (еден од нив датиран со анализа на радиојаглерод според која анализа датираат од 3080 ± 40 ПС - 3200 ± 40 ПС) се изградени во двете најстари фази на Холоценот, но не и најновата фаза. Лавини текови во третата фаза се протегаат на работ од една од овие локации, која била изградена врз лава од претходните две фази, што укажува на тоа дека местоположбата била погодена од историска вулканска активност. Исто така, постојат докази за силна активност на земјотреси датирани од 6640 ± 90 ПС и помеѓу 782 и 773 п.н.е.[3]

Натписот од Хорхор

уреди

На натписот Хорхор, во кој Аргишти I од Урарту го евидентира освојувањето на градот Беура, се забележува дека за време на опсадата градот бил уништен од земјотрес и ерупција на „планината Бамни“. Историчарите сметаат дека веројатно вулканот Порак всушност е планината Бамни и дека Беура бил еден од археолошките наоѓалишта во областа[3]. Меѓутоа, местоположбата на Беура е контроверзна. Идентификацијата на уште еден натпис од наследникот на Аргиштис, Сардури II, дава доказ за уште една ерупција на Порак[5][6].

Постарите докази за вулканска активност укажуваат на привремено исчезнување на шумите во областа пред 6.270 ПС, најверојатно поради шумски пожари предизвикани од вулканска активност. Петроглифите од околу 5.000 ПС, исто така, портретираат вулканска активност[3][5].

Наводи

уреди
  1. „Porak“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 20 July 2015. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Bubnov, S. N.; Lebedev, V. A.; Chernyshev, I. V.; Sagatelyan, A. K.; Dokuchaev, A. Ya.; Gol’tsman, Yu. V.; Oleinikova, T. I.; Griboedova, I. G. (2014). „The potentially active Porak neovolcanic center (Lesser Caucasus, Armenia): The composition of lavas and melt sources“. Doklady Earth Sciences. 459 (1): 1365–1370. doi:10.1134/S1028334X14110014. ISSN 1028-334X.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Karakhanian, A.; Djrbashian, R.; Trifonov, V.; Philip, H.; Arakelian, S.; Avagian, A. (2002). „Holocene-historical volcanism and active faults as natural risk factors for Armenia and adjacent countries“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 113 (1–2): 319–344. doi:10.1016/S0377-0273(01)00264-5. ISSN 0377-0273.
  4. „Porak“. Search. Volcano Global Risk Identification & Analysis Project. May 2, 2012. Посетено на July 21, 2015.
  5. 5,0 5,1 Karakhanian, A.; Jrbashyan, R.; Trifonov, V.; Philip, H.; Arakelian, S.; Avagyan, A.; Baghdassaryan, H.; Davtian, V. (2006). „Historical volcanoes of Armenia and adjacent areas: What is revisited?“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 155 (3–4): 338–345. doi:10.1016/j.jvolgeores.2006.04.008. ISSN 0377-0273.
  6. Haroutiunian, Rouben A. (2006). „The historical volcanoes of Armenia and adjacent areas revisited“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 155 (3–4): 334–337. doi:10.1016/j.jvolgeores.2006.04.005. ISSN 0377-0273.

Надворешни врски

уреди