Калиум-аргонско датирање

Калиум–аргонско датирање, скратено К–Ar датирање — радиоктивен метод на датирање кој се користи во геохронологијата и археологијата. Тој се заснова на мерење на производот на радиоактивните распаѓања на изотопот на калиум (К) во аргон (Ar). Калиумот е чест елемент кој може да се најде во многу материјали, како што се микашист, глинени минерали, тефра и евапорити. Во овие материјали, распаѓањето на производот 40Ar може да избега од течниот камен, но почнува да се собира (кристализира). Износот на аргон кој се сублимира е функција на чистотата на примерокот, составот на главниот мартеријал, и голем број на други фактори. Овие фактори носат ограничувања на горните и долните делови од датирањето, така што конечното утврдување на староста се потпира врз факторите на животната средина за време на формирањето, топењето, и изложеноста на намален притисок и/или отвореноста на воздух. Времето од рекристализацијата се пресметува со мерење на односот на количеството на 40Ar со собраниот износ на 40К. Долгиот полураспад на 40К овозможува методот да се користи за да се пресмета апсолутна старост на примероците постари од неколку илјади години.[1]

Брзо изладената лава е идеален примерок за К–Ar датирање, исто така, го зачувува записот на правецот и интензитетот на локалното магнетно поле додека на примерокот му паднала температурата под Кириевата температура на железото. Геомагнетската временска скала во најголем дел била калибрирана користејќи го калиум-аргонскиот метод на датирање.

Наводи

уреди
  1. McDougall & Harrison 1999, стр. 10