Попови Ливади (Сопот)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Попови Ливади“
| |
Местоположба | 41°53′57″N 21°52′6″E / 41.89917° СГШ; 21.86833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Сопот |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Попови Ливади или Стара Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Претставува средновековна населба и некропола. На 800 м североисточно од селото, на зарамнетото плато се гледаат остатоци - темели од сакрален објект со димензии од 10 × 5 м, насоченост исток-запад. Во непосредната близина на објектот се среќаваат големи камени плочи од гробни конструкции. Во нивата на еден жител, при обработувањето на земјата се јавува градежен материјал (камен, тула), но и фрагменти од керамички садови и питоси.[1]
Поврзано
уреди- Балева Чешма - Аниште — населба од доцноантичкото време;
- Крстовец — средновековна некропола;
- Мидарови Трла — могила од римското време;
- Сопот — осамени наоди од римското време;
- Сопот;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |