Полска треперка

вид птица
Полска треперка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Anthus
Вид: Полска треперка
Научен назив
Anthus campestris
(Linnaeus, 1758)
Распространетост

Полската треперка (научAnthus campestris) е средно голема врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и во Индија.

Опис

уреди

Полската треперка е долга 16 см и има распон на крилјата од 25 до 28 см.[2] Незабележлива е на земја заради нејзините песочни бои, прошарани со малку потемни нијанси одоздора, а светла е одоздола. Слична е на ричардовата треперка (Anthus richardi), но е малку помала, со пократки крилја, опашка и нозе и има поправ темен клун. Летот ѝ е силен и директен придружен со карактеристичниот повик шип.[2]

Поведение

уреди
 
Anthus campestris

Живеалиштето на полската треперка се топлите, отворени предели, степи и полупустини. Се храни со инсекти, особено со бубачки, скакулци, мравки, гасеници. Нејзината песна е кратко повторување на гласното двосложно чи-ри чи-ри.[2]

Гнездото го прават на земја, скриено во растителноста со малку растителен материјал. Јајцата ги несат од средината на мај до почетокот на јуни, честопати имаат второ легло при крајот на јуни. Несат 3-6, обично 4-5 јајца. Периодот на инкубација е 12-13 дена кое го врши само женката. Пилињата го напуштаат гнездото по 12-15 дена, но целосно се оперјуваат и осамостојуваат по 28-30 дена.

Во културата

уреди

Дејствието на филмот „Полска треперка“ од 1944 година се фокусира на ретката случка на размножување на овие птици во Англија.[3] Ерик Хоскинг всушност снимал ливадски треперки наместо полски, бидејќи не можел да дојде до полските во окупираната Европа.[4]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Anthus campestris. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. Moss, Stephen. „Brits and their birds“. BBC Wildlife Magazine. Посетено на 9 December 2010.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди