Полноќен експрес
„Полноќен експрес“ (англиски: Midnight Express) — филм на режисерот Алан Паркер (Alan Parker) од 1978 година, снимен по мемоарите на Били Хејс од 1977 година. Автори на сценариото се Оливер Стоун, Били Хејс и Вилијам Хофер, а главните улоги ги играат: Бред Дејвис, Ајрин Миракл, Џон Харт, Бо Хопкинс, Пол Л. Смит и Ренди Квејд. Филмот освоил шест награди „Златен глобус“, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм, како и три награди БАФТА (за најдобра режија, најдобра монтажа и најдобра споредна машка улога — Џон Харт). Исто така, филмот имал четири номинации за наградите „Оскар“, вклучувајќи ги категориите најдобар филм и најдобра режија, при што победил во две категории: најдобро приспособено сценарио — Оливер Стоун и најдобра оригинална музика — Џорџо Мородер). Најпосле, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златна палма“.[1]
Синопсис
уредиБили Хејс (го игра Дејвис) е млад Американец кого го апси турската полиција зашто се обидува да прошверцува хашиш од Истанбул. Тој е осуден и затворен во траење од четири години. Во затворот е изложен на нечовечки услови и постојано измачување. Пред крајот на отслужувањето на казната, тој дознава дека турскиот суд го осудил на казна од дополнителни 30 години. Бидејќи престојот во затворот станува неподнослив, Били одлучува да побегне од затворот...