Полимер

(Пренасочено од Полимери)

Полимер (грчки поли-, "многу" + -мер, "дел") е голема молекула, или макромолекула, составена од многу повторени подединици. Поради нивниот широк спектар на својства, и синтетичките и природните полимери играат суштинска и сепоприсутна улога во нашиот секојдневен живот. Во групата на полимери се вклучени познати синтетички пластики, како што е полистирен, но, и природните биополимери како што се ДНК и белковините кои се фундаментални за биолошката структура и функција. И природните и синтетичките полимери се создаваат преку полимеризација на многу мали молекули, познати како мономери. Нивната последователна големина и молекуларна маса во споредба со соединенијата со мали молекули создава уникатни физички својства и влијае на цврстината, виско-еластичноста и можноста да се формираат кристални и полукристални структури.

Мономерна единица на полипропилен

Терминот "полимер" произлегува од грчкиот збор πολύς (полус, што значи "многу") и μέρος (meros , што значи "дел") и се однесува на молекула чија структура е составена од повеќе единици кои се повторуваат. Структурата ја дефинира крајната молекуларна маса и придружни својства. Основните единици кои ги создаваат полимерите се молекули со ниска релативна молекуларна маса. Името „полимер“ бил измислен во 1833 година од Јакоб Берцелиус, иако со дефиниција која се разликува од модерната IUPAC дефиниција. Современиот концепт на полимери како ковалентно врзани макромолекуларни структури бил предложен во 1920 година од страна на Херман Штаудингер. Штаудингер се посветил следната деценија на наоѓање експериментални докази за оваа хипотеза.

Полимерите се изучуваат во областа на биофизиката, макромолекуларната и полимерната наука (која ја вклучува полимерната хемија и физиката на полимери). Историски гледано, производите кои произлегуваат од поврзување на повторувачки единици со ковалентни хемиски врски се примарен фокус на полимерната наука; во поново време, фокусот сè повеќе е на полимери со нековалентни врски.