Полистирен
Полистерен-Poly(1-phenylethane-1,2-diyl) — ароматичен полимер направен од monomer styrene (C6H5CH=CH2) течен хидрокарбонат кој за широка употреба се произведува од нафта од страна на хемиската индустрија. Полистеренот е еден од најупотребуваните видови на пластика.
Својства
уредиПолистерен е термопластична супстанца која во нормални услови на собна температура е во цврста состојба, но се топи кога ќе се загрее, a се враќа повторно во тврда состојба откако ќе се излади. Чистиот цврст полистерен е безбојна, тврда пластика со мала еластичност. Тој може да биде проѕирен или пак може без проблем да му се додаде боја.
Историја
уредиПолистеренот е откриен во 1839 година од страна на Едуард Симон.
Форми и употреба
уредиПолистеренот е најчесто произведуван во три форми:
Екструдираниот полестирен е економски исплатлив и се користи за изработка на пластични модели за склопови, кутии за ЦДа, детектор на чад и многу различни предмети каде што е потребна евтина пластика.
Пената на полестеренот е многу добар топлински изолатор и поради тоа многу често се користи заедно со градежните материјали. Исто така се користи во лесни архитектонски градби.
Стиропорот најчесто е бел и е составен од надуени зрна од полестирен. Најчесто се употребуваат како заштита на некој предмет од оштетување при транспорт. Стиропорот се става внатре, покрај ѕидовите во кутијата во која се наоѓа предметот. Формата му зависи од формата на предметот кој се заштитува. Топлинската и огнената отпорност кај стиропорот се многу големи и често се употребуваат без огнена бариера во градежништвото.
Рециклирање
уредиПолистеренот може да се рециклира и го има бројот 6 како симбол за рециклирање. НЕ рециклирачки полистерен кој не се разградува често се наоѓа расфрлен во животната средина како загадувач.
Од рециклиран полистирен можат да се прават: клупи за паркови, играчки, саксии. Можат да се прават чаши и кутии за пакување, што доведува до избегнување за користење други пластики и намалување на отпадот. Исто така може да се комбинира со цементот во градежништвото.