„Пожар“ - збирка раскази на македонскиот писател Живко Чинго, првобитно објавена во 1970 година од издавачката куќа „Македонска книга“.

Технички податоци

уреди

Книгата е објавена во 1970 година од страна на издавачката куќа „Македонска книга“, како дел од библиотекатаАтлас“. Збирката има 140 страници и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN. Книгата била отпечатена во мај 1970 година во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во тираж од 5.000 примероци. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Вера Арсовска.[1]

Содржина

уреди

Збирката содржи 14 раскази при што изборот на расказите го направил авторот:[2]

  • Семејството Огулиновци
  • Најубавиот ден на Зурло
  • Понекогаш кога ќе задуваше јужниот ветар
  • Смртта на градинарот
  • Пожар
  • Татко
  • Ќерка
  • Легенда за Пасквелските момчиња
  • Јаболко
  • Празничен ден
  • Одмазда
  • Губењето на водата
  • Луѓе
  • Легенда за смртта на секретарот

На крајот на книгата е наоѓа поговор со наслов „Раскажувачкото творештво на Живко Чинго“ напишан од Петар Т. Бошковски.

Наводи

уреди
  1. Живко Чинго, Пожар, Скопје: Македонска книга, 1970.
  2. Живко Чинго, Пожар, Скопје: Македонска книга, 1970.