Погреб на Лех Качињски

(Пренасочено од Погребот на Лех Качињски)

Погребот на Лех Качињски, кој почина на 10 април 2010 година во авионска несреќа кај Смоленск, Русија беше извршен на 19 април 2010 година. Заедно со претседателот загинале вкупно 96 патници. Неговата сопруга, Марија Качинска исто така загинала во несреќата. По смртта на Качињски, во земјата била прогласена недела на жалост. Погребот на државникот се случил на 18 април 2010 година. Двете тела биле погребени во Вавелската катедрала.

Смрт

 
 

Претседателот Лех Качински требало да го посети Смоленск по повод 70 години од Катинскиот масакар, односно од убиството на 22.000 полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.[1] Летот започнал од престолнината Варшава, од аеродромот Фредерик Шопен.[2]

Во составот на полската делегација имало повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек. Пилотот трипати неуспешно се обидел да слета, а четвртиот обид бил кобен. Авионот Ту-154, кој бил управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урнал при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар.

Погреб

 
 

Во земјата била прогласена недела на жалост.[3] Полјаците од цел свет жалеле во своите матични земји, запалувајќи свеќи или слично покрај амбасадите на Полска низ светот.[3][4][5][6] голем број на граѓани жалеле по својот претседател.[7] Знамињата биле спуштени на половина.[8] Сите спортски натпревари биле одложени.[9][10] Сите културни манифестации биле одложени. Во тој период не рабтеле голем број на кина, театри, ресторани и трговски центри.[10]

На улиците низ варшава излегле десетици илјади граѓани за да се збогуваат за последен пат со својот претседтел.[11] По престигнувањето, ковчегот на претседателот бил обвиен со знамето на Полска.[12] По церемонијата, ковчегот бил испретен во претседателската палата во Варшава.[3] влезот на палатата бил преполнет со свеќи, бели и црвени цвеќиња, според знамето на земјата.[13] На 13 април пристигнал и ковчегот на неговата сопруга.[3][14][15]

12 април во русија бил прогласен како ден на жалост. Украина исто така 12 април прогласила ден на жалост,[15][16] како и Европската унија и НАТО.[15] Соседот Литванија прогласила тридневен ден на жалост.[16]

На церемонијата на 17 април на плоштадот во Варшава присуствувале повеќе од 100.000 луѓе. На денот на пшогребот, ден на жалост прогласиле Бугарија,[17] Чешка,[16] Унгарија,[16] и Словачка.[16]

Сепак, околу погребот на Качињски се појавиле и несогласувања. На улиците излегле демонстранти кои зборувале дека трагичната смрт на претседателот сепак не го правела доволно достоен за тој да почива до полските кралеви, херои и државници.[18] Вулканскиот прав од ерупцијата во Исланд спречил поголем дел од светските водачи да дојдат на закопот на Качински. Меѓу тие што не дошле се Барак Обама, Николас Саркози и многумина други. Заедно со илјадниците Полјаци со Качински се простија Димитри Медведев, Вацлав Клаус, Данило Тирк, Трајан Басеску и други.[19]

Кофчезите на претседателската двојка допатувале од Варшава на воен транспортен авион кој летал и покрај облакот вулканска прав во Краков, родното место на претседателот.[20] Двете тела биле закопани во саркофагот до Јозеф Клеменс Пилсудски во Вавелската катедрала.

Наводи

  1. „Polish President Lech Kaczynski 'in plane crash'. BBC News Online. Посетено на 10 април 2010.
  2. „Accident description“. Aviation Safety Network. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 10 април 2010.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Poland mourns air tragedy victims.
  4. „Toronto Poles mourn crash victims: PM designates Thursday Canada's day of mourning for Polish president, officials“. CBC News. 12 април 2010. Посетено на 12 април 2010.
  5. Nicolaas van Rijn (11 април 2010). „Poland bleeds anew“. Toronto Star. Посетено на 11 април 2010.
  6. By Crshitopher Rhoads in New York and Scott Kilman in Chicago (12 април 2010). „Across the U.S., Polish-Americans Mourn Crash“. The Wall Street Journal. Посетено на 12 април 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  7. „Poland mourns President's death“. Irish Examiner. 11 април 2010. Посетено на 11 април 2010.
  8. Derek Scally (10 април 2010). „Poland struggles to absorb news“. The Irish Times. Посетено на 10 април 2010.
  9. „Rep of Ireland v Poland is postponed“. RTÉ Sport. 11 април 2010. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 11 април 2010.
  10. 10,0 10,1 Kate Connolly (11 април 2010). 'They were wiped out. It's our Katyn trauma all over again'. The Guardian. Посетено на 11 април 2010.
  11. „Candles and tears for Poland's tragic president“. The Sydney Morning Herald. 11 април 2010. Посетено на 11 април 2010.
  12. Tony Paterson (12 април 2010). „Polish President's coffin arrives at palace“. The New Zealand Herald. Посетено на 12 април 2010.
  13. Gabriela Baczynska and Gareth Jones (11 април 2010). „Polish president's coffin returns home to Warsaw“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2020-10-13. Посетено на 11 април 2010.
  14. „Poles to pay tribute to lost President Lech Kaczynski“. BBC News. 12 април 2010. Посетено на 12 април 2010.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Polish president's body to lie in state“. RTÉ. 13 април 2010. Посетено на 13 април 2010.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2010-04-18.
  17. „Bulgaria declares Sunday April 18 day of mourning to mark Polish president Kaczyński's death“. The Sofia Echo. 16 април 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-18. Посетено на 16 април 2010.
  18. http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/04/100416_poland_funeral.shtml
  19. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122180
  20. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Poland holds state funeral for President Lech Kaczynski.