Лех Качињски

(Пренасочено од Лех Качински)

Лех Александер Качињски (полски: Lech Aleksander Kaczyński; 18 јуни 1949 - 10 април 2010) беше полски политичар и претседател на Полска од 2005 до 2010 година, политичар од редовите на партијата Закон и Правда и поранешен градоначалник на Варшава.

Лех Качињски
Lech Kaczyński
Претседател на Полска
Втор претседател на третата република
На должноста
23 декември 2005 – 10 април 2010
Премиер Казимјеж Марќинкевич, Јарослав Качињски, Доналд Туск
Претходник Александар Квашневски
Лични податоци
Роден(а) 18 јуни 1949
Варшава, Полска
Починал(а) 10 април 2010
Смоленск, Русија
Партија Закон и Правда
Сопружник Марија Качињска
Вероисповед Католик

На 10 април 2010 година, тој и неговата жена Марија Качињска погинале во авионска несреќа во близина на градот Смоленск во Русија. Сите патници и целиот екипаж загинал во несреќата.[1][2]

Брак и семејство

Лех Качињски се оженил со Марија Качињска во 1978 година и заедно имаат една ќерка, Марта Качињска која дипломирала на Универзитетот во Гдањск. Марта е омажена и има ќерка по име Ева. Ова семејство биле големи љубители на животни и имале две кучиња и две мачки.[3]

Смрт

На 10 април 2010 година претседателскиот полски авион го пренесувал Лех Качињски со неговата сопруга Марија Качињска од Варшава до Сомленск во Русија, но авионот се срушил и сите патници и екипаж загинале. Несреќата се случила под магловити временски услови, на околу 1.5 километри оддалеченост од аеродромот.[4] На авионот имало 87 патници при што сите погинале.

Политичка кариера

За време на преговорите меѓу движењето „Солидарност“ и комунистичката власт, Лех Качињски бил еден од советниците на Лех Валенса. На првите повеќепартиски избори тој станал пратеник во полскиот Сејм, како независен кандидат, а подоцна бил назначен од претседателот Валенса за министер за безбедност. Поради бројните несогласувања со тогашниот премиер Јан Олзевски, Качињски бил сменет од функцијата, но останал активен во политичкиот живот. До 1995 година бил претседател на Врховната канцеларија за контрола, а во 2000 година станал министер за правда во владата на премиерот Јежи Бузек. Во 2001 година, заедно со братот-близнак Јарослав, ја формирал десничарската партија „Право и правда“ и станал нејзиниот прв претседател, а на изборите во 2001 година партијата освоила над 10% од гласовите. На локалните избори, одржани во 2002 година, Лех Качињски бил избран за градоначалник на Варшава и на таа функција останал до 2005 година. Во 2005 година, Лех Качињски станал претседател на Полска и оваа функција ја извршувал до 2010 година, кога загинал во авионска несреќа, патувајќи на одбележувањето на убиството на полските офицери во Катинската шума.[5]

Наводи

  1. „Polish President Lech Kaczynski 'in plane crash'. BBC News. BBC. Посетено на 10 април 2010.
  2. „Polish President Lech Kaczynski Killed When Plane Crashed On Approach To Smolensk Airport In Russia“. Посетено на 2010-04-10. Text " World News " ignored (help); Text " Sky News " ignored (help)
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-12-25. Посетено на 2010-04-10.
  4. „Polish president feared dead in Russian plane crash“. Reuters. 10 април 2010. Посетено на 10 април 2010.
  5. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 74-76.

Надворешни врски