Филип II (плоштад)

(Пренасочено од Плоштад Филип II)

Филип II (до 2013 г. Карпошово востание) — плоштад во Скопје, сместен на влезот на Старата скопска чаршија. Бил именуван е во чест на големиот македонски бунтовник, Петар Карпош и неговото востание од 1689 г, но по поставувањето на големата фонтана со статуа на Филип II Македонски, плоштадот бил преименуван во името на овој крал на Македонија со одлука на советот на Град Скопје.[1]

Стара слика на плоштадот. Зградата десно е позната Отоманска банка. Денес на тоа место се наоѓа Комерцијална банка.

Изглед

уреди

Според последните измени на плоштадот, коишто се дел од проектот Скопје 2014, плоштадот претставува комплекс од четири фонтани со скулптури, меѓу кои доминира фонтана со споменик на Филип Втори Македонски, заедно високи 28 метри. На плоштадот се наоѓа и скулптура која ја претставува Олимпија, мајката на Александар Македонски со нејзиниот син в раце. Веднаш до Камениот мост се наоѓа уште една фоната на којашто има четири бронзени коњи. Под плоштадот била предвидена и изградба на подземен паркинг за 70 возила. Це­ли­от проект за уредување на плоштадот чини око­лу пет милиони евра, од кои три се потрошени за леење на скулптурите во Ита­ли­ја. Сите скулптури се дело на Валентина Каранфилова-Стевановска. Скулптурите се леани во леарница „Фондерија ар­тис­ти­ка Гуастини".[2]

Со самото доуредување и изградба на овој плоштад и со новите објекти, како Меморијалниот музеј на Холокаустот, Музејот на ВМРО и Стариот театар, ова културно-историско јадро на градот добива лик и заедно со улицата и плоштадот Македонија, Камениот мост и чаршијата станува дел од привлечна пешачка зона. ка

Наводи

уреди
  1. Плоштадот „Карпошово востание" преименуван во „Филип Втори". Архивирано од изворникот на 2016-02-04. Посетено на 2013-12-15.
  2. „Само Карпош го нема на Карпошово востание“. Вест. 8 ноември 2011.[мртва врска]