Плавуш (планина)
планина во југоисточна Македонија
(Пренасочено од Плавуш Планина)
Плавуш или Плауш — мала ниска планина што се простира во средишниот и југоисточниот дел на Македонија, а претставува продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање сз–ји. Највисока точка е котата 997 м. Таа е западно продолжение на планината Беласица каде е одделена со падините во селото Костурино. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани и дисецирани со абразиони и флувијални процеси[1].На северозапад се соединува со Градешка Планина, а на север се наоѓа реката Водочница и селото Водоча, и планината Смрдеш. На југозапад од Плавуш е областа Бојмија, а на североисток е Струмичкото Поле.
Плавуш | |
планина | |
Регион | Македонија |
---|---|
Се граничи со | Градешка Планина |
Највисока точка | |
- височина | 997 м |
- Ова е статија за планината. За селото видете тука
Наводи
уреди- ↑ Апостолски, Михајло (1984). Природни и социо-географски одлики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ.