Пица Хаваи
Пица Хаваи е варијанта на пица, која се состои од основно тесто со сос од домати, шунка, ананас и кашкавал.
И покрај името, овој стил на пица не потекнува од Хаваи, туку од Канада. Пица Хаваи е измислена во 1962 година во Чатам (Онтарио, Канада) во ресторанот на Сем Панопулос (1934-2017). Таа е најпопуларна во Австралија, каде што има пазарен удел од 15% од продадените пици. Во однос на именувањето на јадењето, Панопулос го избрал „Хаваи“ според брендот на конзервиран ананас што го користел.
Се нарекува по множеството "à la Hawaii", кое се определува со додавање на ананас. Архипелагот се смета за една од најдобро растечките области на ананас. Слично на пица Хаваи, познатиот тост Хаваи бил создаден во Германија во 1950-тите од страна на ТВ-готвачот Клеменс Вилменрод.