Писмо од Гоце Делчев до Никола Малешевски (1899)
Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[1]. Во текот на своето револуционерно дејствување тој напишал испратил многу дописки телеграми и писма од кои зачувани се 272.[2] Во прилог следи извадок од писмото на Гоце испретено до Никола Малешевски на 17 јануари [ст. ст. 5 јануари] 1899.
Викиизвор има текст за |
Повеќе писма можете да пронајдете на Викиизвор: Писма од Гоце Делчев |
Спорност
уредиСпоред дел од бугарската академска заедница, ова писмо е доказ за бугарската национлна свест на Гоце Делчев.[3] Сепак, голем број македонски историчари ја спорат оваа теза и сметаат дека спорниот дел според начинот и контекстот во кој е напишан е само иронија и не се мисли на националната свест.[4][5] Како поткрепа на овој став се бројните други писма на Делчев во кои јасно се искажува за Македонец.[6][7][А] Дури Гоце Делчев самиот себеси во истото писмо истакнува како Бугарите и Бугарофилите, и Грците се болест врз македонското население.[8][9]
Спорен дел
уредиСпорниот дел од писмото напишано со оригиналната типографија
уреди„ | ... Отцѣпленията и разцѣпленията никакъ да не ни плашатъ. Действително жалко е, но що можемъ да правимъ, когато си сме българи и всички страдаме отъ една обща болѣсть! Ако тая болѣсть не съществуваше въ нашитѣ прадѣди, отъ които е наследство и въ насъ нѣмаше да попаднатъ подъ грозния скиптъръ на турскитѣ султани. Нашъ, разбира се, дългъ е да не се поддаваме на тая болѣсть, но можемъ ли сѫщото да направимъ и съ другитѣ лица? Пъкъ имаме заето и нѣщо отъ гръцкитѣ болѣсти, а именно — колко глави, толкозъ капитани. Пустата му слава!... Всѣки иска да блѣсне, па не знаѣ фалшътъ и на тоя блѣсъкъ. Вай на тезъ надъ страданията на които всички тѣзъ комедии, дѣтъ се разиграватъ. | “ |
Спорниот дел од писмото според современиот македонски правопис
уреди„ | ... Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат. Жално е, но што да правиме кога си сме бугари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од коишто ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe? Сепак имаме нешто и од грчките болести — „колку глави — толку капетани“. Пустата! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие „комедии“. | “ |
Белешки
уреди- ^ А) дел од писмата на Гоце Делчев можат да се прочитаат на викиизворникот.
Наводи
уреди- ↑ Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
- ↑ Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански Издавач Култура 1972.
- ↑ „Канзуров: Секој може да отвори Гугл и да го прочита писмото на Гоце Делчев до Никола Малешевски каде што кажува дека народноста му е бугарска“. Поглед. 20 јуни 2019. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „1899.05.01_Погрешно толкуваното писмо од Гоце Делчев“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Македонска научна академија. Посетено на 22 јануари 2021. - ↑ „Гоце Делчев е Македонец роден во Кукуш и никој нема право тоа да му го одземе“. Македонска нација. 7 август 2019. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ Трпческа, Мирјана (18 септември 2020). „Македонскиот државен архив располага со вредна документација за Гоце Делчев и тоа го знае Бугарија“. Канал 5. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ Станковиќ, Дарио (10 септември 2020). „Писмо на Гоце Делчев оригинално сведоштво за македонските работи“. Нова Македонија. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ ОМО Илинден Пирин: Што барал Ѓорѓиев сам во јануари во Софија?
- ↑ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: ИМЕТО „БУГАРИ“ Е БОЛЕСТ