Пипи Долгиот Чорап

Пипи Долгиот Чорап (шведски: Boken Om Pippi Langstrump) - роман на шведската писателка Астрид Линдгрен од 1945 година.

СодржинаУреди

Романот се состои од 25 глави:[1]

  • Прв дел: Пипи доаѓа во вилата Вилекула
  1. Пипи доаѓа во вилата Вилекула
  2. Пипи сака да истражува, но запаѓа во тепачка
  3. Пипи ја бркаат полицајците
  4. Пипи оди на училиште
  5. Пипи не може да седи на едно место
  6. Пипи оди на излет
  7. Пипи оди во циркус
  8. Пипи ја посетуваат крадци
  9. Пипи е поканета на гости
  10. Роденденската забава на Пипи
  • Втор дел: Пипи се враќа на бродот
  1. Пипи пазарува
  2. Пипи и бродоломот
  3. Пипи има посета
  4. Пипи се простува
  5. Обидто на Пипи да се врати на море
  • Трет дел: Пипи го открива зборот „спунк“
  1. Пипи го открива зборот „спунк“
  2. Пипи ја испрашуваат во училиштето
  3. Пипи не знае да чита
  4. Пипи конечно заминува со „Хопетоса“
  5. Пипи доаѓа на островот
  6. Пипи во борба со ајкулата
  7. Пипи и разбојниците
  8. Бегството на Јим и Бук
  9. Пипи заминува од островот
  10. Пипи не сака да порасне

За делотоУреди

Според зборовите на авторката, романот „Пипи Долгиот Чорап“ настанал сосема случајно, кога нејзината болна ќерка Карин побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, девојче кое го измислила таа. Бидејќи Карин и другите деца што ги слушале приказните барале Астрид Линдгрен да им раскажува сè повеќе за Пипи, еден ден, таа седнала и почнала да ги запишува приказните. Притоа, бидејќи името на девојчето било необично, Линдгрен одлучила да создаде необично девојче кое се разликува од сите други деца.[2]

Изданија на македонски јазикУреди

 
Корицата на „Пипи Долгиот чорап“, издание на „Силсонс“ од 2003 година.

Книгата „Пипи Долгиот Чорап“ е објавена и на македонски јазик.

НаводиУреди

  1. Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Силсонс, 2003.
  2. „Белешка за авторот“, во: Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 209.
  3. Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Силсонс, 2003.
  4. Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.