Пиндско-македонско Кнежевство
Пиндско-македонско Кнежевство (грчки: Πριγκιπάτο της Πίνδου; италијански: Principato del Pindo; влашки: Printsipat di la Pind) — автономна држава создадена и под контрола на фашистичка Италија, во северозападниот дел на Грција во регионите на Епир, Тесалија и западна Егејска Македонија за време на Втората светска војна[1]. државата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите, но никогаш не успеала да ги „потчини“ локалните власти, и како таква опстојувала до 1944 г.[2] Главен град бил Мечово, додека седиштето на управата се наоѓало во Трикала. Кнежевството имала и свое државно знаме.
Пиндско-македонско Кнежевство Πριγκιπάτο της Πίνδου Printsipat di la Pind Principato del Pindo | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1941–1944 | |||||||||
Flag | |||||||||
Статус | Италија | ||||||||
Главен град | Мечово | ||||||||
Уредување | Кнежевство | ||||||||
Кнез | |||||||||
• 1941-42 | Алкивијад Дијаманди Самарински | ||||||||
• 1942-43 | Никола Матуши (намесник) | ||||||||
Војвода | |||||||||
• 1943 | Ѓула Чеснечки Милвањски | ||||||||
Историски период | Втора светска војна | ||||||||
• Основана | 1941 | ||||||||
• Престанала да постои | 1944 | ||||||||
|
Оваа држава имала чисто антигрчка политика, но не и антиеврејска, иако нејзин главен покровител била Италија. На чело на оваа држава бил војводата Алкивијад Дијаманди Самарински - кој царувал цели 3 години, а потоа бил заменет со грофoт од унгарско потекло Ѓула Чеснечки Милвањски, а по него на власт дошол неговиот брат Михајло.
Димитар Влахов им ветувал подоцнежно создавање на автономија по советски модел, а новата СР Романија требала да го возобнови финансирањето на месните училишта.
Наводи
уреди- ↑ Poulton, Hugh. 2000. Who are the Macedonians? Indiana University Press. Pp. 111
- ↑ Капитулацијата на Италија Архивирано на 12 октомври 2014 г. од Ризоспастис, 7 септември 2003 г. (грчки)
Надворешни врски
уреди- Сојуз на македонските монархисти Архивирано на 19 септември 2010 г.