Пештерска висорамнина

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Пештерската висорамнина (исто така познато само како Пештер) е карстна висорамнина (со надморска височина од 1150-1250) која се наоѓа во југозападниот дел на Србија, југоисточно од Сјеница и северозападно од Тутин. Пештерската висорамнина е извор на тресет, кој со својот биопотенцијал припаѓа на најквалитетниот тресет, како во Европа, така и во светот. Таа е богата полиња за пасење на овци (областа е позната по производи кои доаѓаат од пештерско-сјеничките овци или пештерско-тутинските овци, како што е пештерското сирење). На Пештерската висорамнина се простира и Пештерското поле (на надморска височина од 1150) со површина од 63 км2. Пештерската висорамнина содржи голем број на подземни реки, од кои најголема е Боровштица. Населението го сочинуваат Бошњаци и Срби, а има и Албанци на крајниот исток од областа (кон Космет).

Археолозите од Музејот Рас во 2013 година пронашле остатоци од старословенски храмови на пештерската висорамнина.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди
  • Златиборски округ
  • Рашки округ
  • Рашка област

Наводи

уреди

 

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Старословенски храм на српском Тибету („Вечерње новости“, 2. новембар 2013)