Отвори го главното мени

Печерскиот реон (украински: Печерський район) е административен реон во градот Киев, главниот град на Украина. Печерскиот реон е најголемата административна област во градот. Реонот ја вклучува историската област на градот. Реонот грании со десниот брег на реката Днепар.

Печерски реон
Печерський район
Реон во Киев
Грб на Печерски реон
Грб
Местоположба на Печерски реон
Земја Украина
Област Киев
Реони
Управа
 • ГрадоначалникСергеј Сусшенко (OU)
Површина
 • Вкупна27 км2 (10 ми2)
Население
 • Вкупно126.200
 • Густина4.674/км2 (12,110/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
ЗнаменитостиПретседателска дворец, Марински дворец , Химерска куќа, Стадион Лобановски, Киево-Печерска Лавра
Метро станициДнепар, Арсенална
Мреж. местоhttp://www.pechersk.kiev-city.gov.ua/

ИсторијаУреди

Печерскот реон е еден од најважните културни области во Киев. Во реонот се наоѓа легендарната Киево-Печерска Лавра односно манастирот на пештерите, според кое религиозно место доаѓа и името на реонот. Населбата која се наоѓа во близина на манастирот била формирнана во 12 век. Во негова близина некогаш се наоѓала Златната порта. Населбата денешното име го добила во текот на 16 или 17 век.

Во текот на 18 век, Печерскиот реон станал административен центар на градот. Во тоа време била изградена на Киевската тврдина, која претставувала голема воена тврдина во времето на Руската империја и Советскиот Сојуз. Во 1918 година, овде било местото каде се кренало Арсеналното востание, кое подоцна довело до заземање на власта од болшевиците.

Во текот на 20 век, со приширувањето на градот, во Печерскиот реон биле изградени голем број на институции.

НаселбиУреди

Денеска, во овој реон се наоѓаат неколку помали населби:

  • Печерска населба
  • Липки
  • Клов
  • Звиринет
  • Теличка
  • Черна Хора

АтракцииУреди