Киевска тврдина
Киевската тврдина или Печерската тврдина (украински: Київська фортеця) се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Киевска тврдина Київська фортеця | |
---|---|
Поглед кон музејот | |
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Првата тврдина се смета дека била изградена во текот на 15 век. Денешната тврдина била изградена во текот на 19 век од страна на руската армија. Денеска, дел од тврдината и објектите кои се наоѓаат во неа се реконструирани и претворени во музеј наречен Киевска тврдина, додека пак останатите служат како разни воени и трговски објекти.
Во текот на 20 век, објектот го изгубил своето значење и истиот служел како касарна, магазин и затвор. Овде биле затварени дел од политичките затвореници во времето на Советскиот Сојуз, а подоцна, во 1927 година, објектот бил претворен во музеј.
50°26′4″N 30°31′40″E / 50.43444° СГШ; 30.52778° ИГД
„Киевска тврдина“ на Ризницата ? |