Петре Велков Митевски ( 1918 во Драчево, Скопје29 април 1945 во Брестовац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во ликвидирањето на балистичките банди и нивното разоружување. Со XV македонски корпус учествувал во ослободувањето на уште неослободените краишта на Југославија и во пробивот на Сремскиот фронт. На 29 април 1945 година храбро загинал, во една битка кај Брестовац.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 94. На |first= му недостасува |last= (help)