Петре Гаваљанов

македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Петре Гаваљанов ( 1920 во Богданци1944 во Требичино, Струмичко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Петар Гаваљанов
Роден 1920 година
Богданци, Македонија како дел од Кралство Југославија
Починал 1944 година
Требичино, Струмичко.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од многу сиромашна фамилија. Завршил основно образование во Богданци, а потоа заедно со татко му работел како селски говедар, измеќар кај поимотни лица во Богданци и аргатувал. Живеел и растел во многу тешки економски услови. Неговата фамилија немала ни куќа. Неговата пет члена фамилија живеела во мала куќичка, во која ја чувале и стоката.[1]

Втора светска војна

уреди

За време на фашистичката окупација продолжил да работи како аргат и измеќар во Богданци. Во септември 1942 година бугарскиот окупатор го мобилизирале да го отслужи воениот рок. По доаѓањето од бугарската војска работел дома и чувал туѓи говеда во Богданци.[1]

Во март 1944 година кај местото Кастров Камен, Ване Калчев како партизан, кој заедно со Петре Мусев во тоа време се наоѓале во реонот на Богданци, му се јавиле на Петре Гаваљанов со цел да го задолжат да оди во Богданци, да го побара Петре Петрушев и да го повика да дојде кај нив, за да се поврзат и да му пренесат некои задачи. Ване се надевал дека Петре како сиромашно момче и комшија ќе ја сврши таа задача. Петре ја прифатил задачата и заминал кон Богданци. Меѓутоа место да отиде кај Петре Петрушев, тој отишол кај Кирил Прочков, контрачетник и му кажал дека во местото Кастров Камен се наоѓа партизанот од Богданци Ване Калчев. Веднаш потоа била организирана контрачета и во првиот мрак стасала на местото каде чекале Ване Калчев и Мусев да дојде Петре Петрушев. Место бараниот човек од организацијата тие забележале дека кај нив стигнала контрачета со едно дресирано куче. Дошло до мала престрелка. Ване и Мусев се повлекле на југозапад и се разделиле. Ване избегал кон северозапад, а Мусев кон југозапад, кон границата. Конртачетата го гонела Ване до местото Уплите и Моминската Река каде му го изгубиле трагот. Петре Мусев се упатил кон Стојаково и оттаму преку границата во селото Метаморфово, каде се поврзал со грчката организација на движењето. На овој начин Гаваљанов несвесно и неодговорно се јавил како помагач на окупаторите, место да биде помагач на Народноослободителното движење на кое му припаѓал по својата социјална и класна положба.[1]

Во септември 1944 година, по капитулациiата на фашистичка Бугарија, Петре Гаваљанов бил мобилизиран во македонската народноослободителна војска, во Четвртата македонска ударна бригада. Во ноември 1944 година во една од последните борби, со последните германски единици во регионот на Струмичко, Петре загинал кај селото Требичино.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Теменугов - Железни, Мито (1973). Ликовите на загинатите и умрени борци во Богданци. Богданци. стр. 78–79.