Петгаски манастир

Петгаски манастир „Св. Никодим Светогорец“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Νικόδημου Αγιορείτου) — машки манастир кај селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Претставува метох на светогорскиот манастир Симонопетра на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Петгаски манастир
Свети Никодим Светогорец
Αγίου Νικόδημου Αγιορείτου
Карта
40°55′41″N 22°24′57″E / 40.92806° СГШ; 22.41583° ИГД / 40.92806; 22.41583
МестоПетгас, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1981
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Манастирот се наоѓа на надморска висина од 700 м во југоисточното подножје на планината Пајак, на неколку километри северозападно од Петгас. На североисток од него е манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“. Основан е во 1981 г. како меѕох Симонопетра. Главниот храм е двоен, каде горниот кат е посветен на Свети Никодим Светогорец, а долниот на мачениците Рафаил, Никола и Ирина. Во него од Света Гора е донесен черепот на преподобниот Никодим Светогорец, покровител на манастирот и истакнат црковен писател од XVIII – XIX век. Храмот се истакнуав со своите фрески, а манастирот е познат по рачната изработка на икони.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ιερά Μονή (Κοινόβιο) Αγίου Νικόδημου Αγιορείτου – Πεντάλοφος Κιλκίς“. Μοσχόπολις. Архивирано од изворникот на 2017-03-30. Посетено на 25 јуни 2017.
  2. 2,0 2,1 „Ιερά Μονή (Κοινόβιο) Αγίου Νικόδημου Αγιορείτου – Γουμένισσα Κιλκίς“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  3. [θρησκευτικά-μνημεία/item/58-μοναστήρι-του-οσίου-νικόδημου-του-αγιορείτου-στη-γουμένισσα „Γουμένισσα, Ι.Μ. Οσίου Νικόδημου του Αγιορείτου“] Проверете ја вредноста |url= (help). Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.

Надворешни врски

уреди