Пертинакс (византионски епископ)

Пертинакс бил епископ на Византион во периодот од 169 до 187 година[1]. Негов претходник бил Алипиј, а негов наследник е Олимпијан.

Пертинакс
Цариградски патријарси
Ракоположен169
Службата завршила187
ПретходникАлипиј
НаследникОлимпијан

Бил на престолот во времето на прогоните на христијаните во времето на Марко Аурелиј. Податоци од неговиот живот и делување доаѓаат од делата на Доротеј Тирски. Според него, Пертинакс најпрво бил некој висок офицер во Римското Царство со седиште во Тракија. Кога тој се разболел ги слушнал гласовите за голем број на чуда кои се случувале кај приврзаниците на новата христиојанска религија. Тој побарал совет од страна на Алипиј, епископот на Византион. Така, кога неговата болест била излечена, тој веднаш го прифатил христијанството[2]. По смртта на Алипиј, тој застанал на негово место во црквата.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2012-04-04.
  2. „Ecumenical Patriarchate“. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2012-04-04.