Персивал Лоренс Лоуел (англиски: Percival Lawrence Lowell) или само Персивал Лоуел (Percival Lowell) бил американски астроном.

Персивал Лоуел
Percival Lowell
Персивал Лоуел
Роден(а)13 март 1855
Починал(а)12 ноември 1916
Полињаастрономија
Познат поКанали на Марс, Откривање на астероиди: 793 Аризона (април 9, 1907)

Животопис

уреди

Потекнувал од истакнато бостонско семејство.[1] Во 90-тите години од XIX век изградил приватна опсерваторија во Флегстаф, Аризона за да го проучува Марс. Бил поборник на теоријата дека интелегентните жители на планетата Марс, која пропаѓала, конструирале систем за наводнување низ целата планета, но оваа теорија денес е напуштена. Тој сметал дена т.н. канали на Марс се површини со култивирана вегетација, која зависи од таа иригација. Теоријата на Лоуел, која имала жестоки спротивставувања, на крајот била побиена со сликите добиени од американскиот вселенски брод Маринер. Неговата претпоставка за постоење планета зад Нептун била потврдена со откривањето на Плутон во 1930 г.

Наводи

уреди
  1. „Chosön, the Land of the Morning Calm; a Sketch of Korea“. World Digital Library. 1888. Посетено на 2013-06-12.

Надворешни врски

уреди