Пенџапски јазик

(Пренасочено од Пенџапски)

Пенџапскиот (гурмуки: ਪੰਜਾਬੀ; деванагари: पंजाबी; шахмуки: پنجابی‎) — индоариски јазик кој го зборуваат околу 102 милиони луѓе и со тоа јазикот е 9 најголем јазик во светот (2010).[1][3] Јазикот е мајчин јазик на Пенџапците, кои го населуваат регионот Пенџаб во Индија и Пакистан. Пенџапскиот е единствен тонски јазик меѓу индоариските јазици.[4][5][6][7]

Пенџапски јазик
ਪੰਜਾਬੀپنجابی • पंजाबी
Pañjābī
Зборот пенџаб на гурмуки, деванагари и шахмуки.
Застапен воПакистан, Индија
ПодрачјеЗападен Пенџаб, Источен Пенџаб
НародПенџапци
Говорници100 милиони  (2010)[1]
Јазично семејство
индоевропско
Писмогурмуки
шахмуки (персиско писмо)
Статус
Службен во Индија Пенџаб, Чандигарх, Харјана и Химачал Прадеш
 Пакистан Пенџаб и Азад Кашмир.
Јазични кодови
ISO 639-1pa
ISO 639-2pan
ISO 639-3или:
pan — Indian Punjabi
pnb — Pakistani Punjabi
{{{mapalt}}}
Пенџапци и Ланди во Пакистан и Индија.

Пенџапскиот е најзборуван јазик во Пакистан[8] и 11 најзборуван во Индија.[9] Според податоците, пенџапскиот е 4 најзборуван јазик во Англија и Велс[10] и 3 најзборуван во Канада.[11][12]

Потекло на поимот

уреди

Зборот „пенџаб“ (Pañjābī), а ретко панџап, во превод значи „пет води“ на персиски и потекнува од зборовите panj āb. Panj е истоветен со санскритскиот pañca („пет“) и се однесува за најголемите источни притоки на реката Инд. Историската област Пенџаб, сега поделена меѓу Индија и Пакистан, се наоѓа околу реката Инд.

Географска распространетост

уреди

Пакистан

уреди

Пенџапскиот е најголем јазик во Пакистан. Пенџапскиот е покраински јазик во покраината Пенџаб. Околу 44.15% од населението на Пакистан зборува на пенџапски, а околу 70% од населението на Пакистан зборува пенџапски како прв или вторјазик, а за некои и трет. Најголем пенџапски град е Лахоре, каде 86% од населението се Пенџапци, а во Исламабад 71%.

Пенџапци во Пакистан[13]
година население на Пакистан % Пенџапци
1951 33.740.167 57,08% 22.632.905
1961 42.880.378 56,39% 28.468.282
1972 65.309.340 56,11% 43.176.004
1981 84.253.644 48,17% 40.584.980
1998 132.352.279 44,15% 58.433.431
Сој. држава Пенџаб (2008)
Место Единица Пенџапци Удел
Пакистан 76.335.300 44,15%
1 Пенџап 70.671.704 75,23%
2 Синд 3.592.261 6,99%
3 Исламабад 1.343.625 71,66%
4 Кибер Пактуква 396.085 0,97%
5 Белуџистан 318.745 2,52%
6 Федерално управувани племенски области 0 0,0%

Индија

уреди

Пенџапскиот како мајчин јазик го зборуваат околу 3% од Индијците. Пенџапскиот е службен јазик во индиските држави Пенџап, Харјана и Химачал Прадеш.

Пенџапци во Индија
Година Население на Индија Пенџапци во Индија %
1971 548.159.652 14.108.443 2,57%
1981 665.287.849 19.611.199 2,95%
1991 838.583.988 23.378.744 2,79%
2001 1,028,610,328 29.102.477 2,83%
2011 1.210.193.422 33.038.280 2,73%

Фонологија

уреди
самогласки
предни скоро-предни централни скоро-задни задни
затворени
полузатворени ɪ ʊ
средни ə
полуотворени ɛː ɔː
отворени
согласки
двоусни уснено-забни забни/
алвеоларни
ретрофлексни палатални веларни глотални
носни m n ɳ ɲ ŋ
ексолозивни and
африкати
voiceless p ʈ t͡ʃ k
безвучни призвучни t̪ʰ ʈʰ t͡ʃʰ
звучни b ɖ d͡ʒ ɡ
фрикати (f) ਫ਼ s(z) ਜ਼ (ʃ) ਸ਼ ɦ
вевни ɾ ɽ
апроксимантни ʋ l [14] ਲ਼ j
Тон

Пенџапскиот има три различни тона: висок, среден и низок.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2010" The World's 100 Largest Languages in 2010
  2. Ernst Kausen, 2006. Die Klassifikation der indogermanischen Sprachen (Microsoft Word, 133 KB)
  3. „världens-100-största-språk-2010“. Nationalencyclopedin. Govt. of Sweden publication. Посетено на 30 August 2013.
  4. Barbara Lust, James Gair. Lexical Anaphors and Pronouns in Selected South Asian Languages. Page 637. Walter de Gruyter, 1999. ISBN 978-3-11-014388-1.
  5. „Punjabi language and the Gurmukhi and Shahmuhi scripts and pronunciation“. Omniglot.com. Посетено на 2012-08-03.
  6. Phonemic Inventory of Punjabi
  7. Geeti Sen. Crossing Boundaries. Orient Blackswan, 1997. ISBN 978-81-250-1341-9. Page 132. Quote: "Possibly, Punjabi is the only major South Asian language that has this kind of tonal character. There does seem to have been some speculation among scholars about the possible origin of Punjabi's tone-language character but without any final and convincing answer..."
  8. „Pakistan Census“. Архивирано од изворникот на 2011-09-12. Посетено на 2013-11-18.
  9. Census of India, 2001: population of Punjab by religion. Censusindia.gov.in. Посетено на 2012-01-18.
  10. „2011 Census: Main language (detailed), local authorities in England and Wales“ (XLS). ONS. Посетено на 27 April 2013.
  11. [1], Census Profile - Province/Territory
  12. [2] Архивирано на 1 јули 2013 г., 2006 Census of Canada: Topic-based tabulations|Detailed Mother Tongue (103), Knowledge of Official Languages
  13. http://www.statpak.gov.pk/depts/pco/index.html
  14. Masica (1991:97)

Извор

уреди

Дополнителни информации

уреди
  • Bhatia, Tej. 1993 and 2010. Punjabi : a cognitive-descriptive grammar. London: Routledge. Series: Descriptive grammars.
  • Gill H.S. [Harjit Singh] and Gleason, H.A. 1969. A reference grammar of Punjabi. Revised edition. Patiala, Punjab, India: Languages Deparmtent, Punjab University.
  • Shackle, C. 1972. Punjabi. London: English Universities Press.
  • Chopra, R. M., Perso-Arabic Words in Panjabi, in: Indo-Iranica Vol.53 (1–4).
  • Chopra, R. M.., The Legacy of The Punjab, 1997, Punjabee Bradree, Calcutta.

Надворешни врски

уреди