Пентен
Пентени (или пентилени) — алкени со хемиска формула C5H10. Секој од нив содржи една двојна врска во молекулската структура. Во оваа класа има шест различни соединенија, кои меѓусебно се разлкуваат по тоа дали јаглеродните атоми се имаат линеарна или разградена градба, и дали двојната врска има цис или транс облик.
1-пентен
| |
цис-2-пентен
| |
транс-2-пентен
| |
Назив според МСЧПХ пент-1-ен цис-пент-2-ен транс-пент-2-ен | |
Други називи амилен, n-амилен, n-пентен, бета-n-амилен, сим-метилетилетилен, пентилен | |
Назнаки | |
---|---|
109-67-1 (1-пентен) 627-20-3 (цис-2-пентен) 646-04-8 (транс-2-пентен) | |
ChemSpider | 7713 (1-пентен) 4483638 (цис-2-пентен) 4483639 (транс-2-пентен) |
EC-број | 246-916-6 (1-пентен) 273-308-8 (цис-2-пентен) |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 8004 (1-пентен) 5326160 (цис-2-пентен) 5326161 (транс-2-пентен) |
| |
UNII | ALP8M0LU81 (1-пентен) 54UR3XZ4FC (цис-2-пентен) YCO1SJQ98H (транс-2-пентен) |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Густина | 0,64 г/см3 (1-пентен)[1] |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
-53,7·10−6 см3/мол | |
Опасност | |
Безбедносен лист | MSDS |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Праволанчени изомери
уреди1-пентенот е алфа-олефин и најчесто се добива како нуспроизвод на каталитичко или топлинско крекирање на нафтата, или во производството на етилен и пропилен по пат на топлинско крекирање на јаглеводородните делови.
Единствениот комерцијален производител на 1-пентен е „Сасол“, каде тој се одвојува од суровата нафта користејќи го Фишер-Тропаховиот процес.[2]
2-пентенот има два геометриски изомера: цис-2-пентен и транс-2-пентен. Цис-2-пентенот се користи во олефинската метатеза.
Разгранети изомери
уредиРазгранети изомери се 2-метилбут-1-енот, 3-метилбут-1-енот (изопентен) и 2-метилбут-2-енот (изоамилен).
Изоамиленот е еден од трите главни нуспроизводи на длабоко катализичко крекирање (DCC), што е многу слично на потфатот [течно каталитичко крекирање (FCC). DCC користи дизел-гориво (VGO) како суровина за производство на претежно пропилен, изобутилен и изоамилен. Зголемената побарувачка на полипропилен го поттикнала растот на DCC, кој работи многу слично на FCC. Изобутиленските и изоамиленските суровини се неопходни за производство на прилично спорните бензинови примеси метил терт-бутил етер и терт-амил метил етер.
Производство на горива
уредиПропиленот, изобутенот и амилените се суровини во алкилациски единици на рафинериите. Користејќи изобутан се создаваат смеси со голема разгранетост за добро согорување. Амилените се ценети како претходници на горивата, особено воздухопловните горива со релативно ниска испарливост, што се бара од разни уредби.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Запис во Базата на супстанции GESTIS на Институтот за безбедност и здравје при работа
- ↑ „RSA Olefins | cChange“. www.cchange.ac.za (англиски). Посетено на 19 октомври 2017.
- ↑ Bipin V. Vora, Joseph A. Kocal, Paul T. Barger, Robert J. Schmidt, James A. Johnson (2003). „Alkylation“. Kirk‐Othmer Encyclopedia of Chemical Technology. doi:10.1002/0471238961.0112112508011313.a01.pub2. ISBN 0471238961.CS1-одржување: користи параметар authors (link)