Пелистерска битка
Пелистерска битка – последна битка од Илинденското востание која се одиграла на 22 септември 1903 година, во која загинале 48 од 92-те востаници, на Баба Планина над селото Цапари во месноста денес позната како Палиснопје.[1]
Пелистерска битка | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Илинденското востание | |||||
Спомен-плочата на Пелистерската битка |
|||||
|
Борба
уредиВојводата Ацко Трајков од село Базерник, Демирхисарско, заедно со војводата Лефко Магаревчето од потпелистерското село Магарево, со уште стотина комити од Демирхисарско и Битолско, по неуспешното Илинденско востание требало да го му го предадат оружјето на ѓаконот Евстатиј кој бил задолжен за прибирање, складирање и обезбедување. Меѓутоа биле предадени и опколени од турски аскер. Со цел да избегнат запалување на селото Цапари, како што претходно се случило во селата Ѓавато и Смилево, војводата Ацко Трајков наредил повлекување кон Пелистер и така опколени, со големи загуби успеале да го пробијат обрачот кон високите делови од Пелистер.[1]
Споменик
уредиВо спомен на оваа битка, во непосредна близина на Ротинска Река, на патот кон врвот Пелистер во 1968 година подигнато е скромно спомен-обележје.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Илинденската епопеја на Палиснопје Пелистерски патокази, низ текст и фотографии на семрежното место на bitolanews