Пелагониска битка (1259)

Пелагониска битка — решавачка битка во долгогодишната борба за римското наследство којашто се војувала во 1259 година. Таа е една од најзначајните битки на Балканот од XIII век.[1][2]

Битка кај Пелагонија
Дел од Никејско-латинските војни и Епирско–никејскиот судир
Датум Рано лето или есен 1259 година
Место Пелагониска котлина
Координати: 40°49′N 21°34′E / 40.817° N; 21.567° E / 40.817; 21.567
Исход Одлучна никејска победа
Завојувани страни
Никејска Империја
Команданти и водачи

Се одиграла во југоисточните предели на Пелагонија, во почетокот на летото 1259 година, помеѓу војската на Никејското Царство, под команда на Јован Палеолог и сојузничките сили на антиникејската коалиција, што ги сочинувале војските на епирскиот деспот Михаил II Ангел и на ахајскиот кнез Вилијам II Вилерден, како и 400 германски коњаници што ги испратил од Сицилија кралот Манфред Хохенштауфен.

Ноќта пред битката Михаил Ангел ненадејно го напуштил логорот и се повлекол кон Епир, а добар дел од неговите војници преминале на страната на Никејците. Во жестоката нерамноправна битка помеѓу никејската војска и војските на латинските сојузници на епирскиот деспот, Латините доживеале катастрофален пораз. Голем број од нив останале на бојното поле, а многумина биле заробени, меѓу кои и кнезот Вилијам II Вилердуен и биле одведени во заробеништво во Никеја. Битката во Пелагонија, го означила крајот на повеќедецениската борба за римското наследство и ја потврдила превласта на Никејската Империја на Балканот.

НаводиУреди

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 367. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „ПЕЛАГОНИСКА БИТКА“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11.

Надворешни врскиУреди