Педро Дамјано
Педро Дамјано (португалски:Pedro Damiano de Odemira)(роден во 1480 во Одемира - починал во 1544) бил португалски шахист и аптекар. Автор е на познатото дело Questo libro e da imparare giocare a scachi et de li partiti, објавено во Рим, во 1512. Ова дело во Италија било издадено во 8 изданија, а било преведено на француски, англиски и германски, што зборува за неговата популарност во Европа.
Во негова чест, отворањето кое настанува со потезите 1.е4 е5 2.Sf3 f6 3.Sxe5 fxe5 е наречен Дамјанов гамбит.
Книги
уреди- Libro da imparare giocare a scachi, e de bellissimi partiti. Revisti e recorretti. In language spagnola e italiana, nouamente stampato, Roma, 1510
Користена литература
уреди- Шах: Енциклопедиски речник. Москва: Советска енциклопедија, 1990 стр. 100. ISBN 5-85270-005-3.
Оваа статија поврзана со шахот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |