Дваесетта македонска ударна бригада
Дваесетта македонска ударна бригада била формирана на 18 октомври 1944 година во месноста Широк Дол, Беровско.[1] Во составот влегле три пешадиски и еден следечки баталјон. Била формирана од околу 700 борци и старешини.
Дваесетта македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 18 октомври 1944 – мај 1945 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команден состав
уредиКомандниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Н. Купев, потполковсник, командант
Политички комесар бил:
Борбени дејства
уредиОд денот на формирање па до крајот на војната, бригадата се наоѓала во составот на Педесет и првата македонска дивизија на НОВЈ. Дејствувала во реонот на Радовишко и Струмичко и во борбите за ослободување на Штип на 23 октомври 1944 година. По борбите против германската група Катнер, која се повлекувала од Струмица кон Штип, го ослободила Радовиш, со 80 заробени германски војници и офицери и запленето оружје и воен материјал. На 23 октомври 1944 година бригадата учествувала во борбите за ослободување на градот Штип, а по 29 октомври, заедно со останатите единици продолжила со воените акции против германските единици. Активно учествувала при ослободувањето на градот Струмица.
Bригадата влегла во слободниот Штип на 8 ноември, и потоа на 12 ноември ја запоседнала македонско-грчката граница меѓу Гевгелија и тромеѓето со Бугарија и Грција. Бригадата нараснала на 1767 борци на 28 ноември. По воената реорганизација, бригадата влегла во составот на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ,[1] а еден баталјон во Осмата македонска дивизија на КНОЈ.
Наводи
уреди