Пајажината на Шарлота

Пајажината на Шарлота (англиски: Charlotte's Web) — роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1952 година.

Пајажината на Климентина корица на книгата

Содржина

уреди

Книгата се состои од 22 глави:[1]

  • Пред појадок
  • Цанко
  • Бегство
  • Осаменост
  • Климентина
  • Лето
  • Лоши вести
  • Разговор дома
  • Фалба за Цанко
  • Експлозија
  • Чудо
  • Средба
  • Добар напредок
  • Доктор Благој
  • Штурците
  • На панаѓурот
  • Кирко
  • По ладот
  • Кожурок
  • Конечен триумф
  • Последниот ден
  • Топол ветар

Изданија на македонски јазик

уреди

Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, во рамките на библиотеката Лектирни изданија. Во македонскиот превод, оригиналниот наслов е променет во „Пајажината на Климентина“, а исто така, прасето Вилбур е наречено Цанко. Преводот на македонски јазик е дело на Драги Михајловски, автор на илустрациите е Димче Исаиловски, лектурата и коректурата ги извршил Катерина Ноневска, дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, а книгата била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово. Книгата, со обем од 133 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-684-2.[2]

Наводи

уреди
  1. Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004.
  2. Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004.