Пашки Козјак
Пашки Козјак (словенечки: Paški Kozjak, порано само Kozjak[2]; германски: Kosjak[2]) — населба во Градската општина Велење, северна Словенија, сместена на ридовите источно од градот. Местото традиционално ѝ припаѓа на областа Штаерска. Целата општина денес е во состав на Савињскиот статистички регион.[3] Наречена е по сртот Пашки Козјак (1.272 м) сместен североисточно од населбата.
Пашки Козјак Paški Kozjak | |
---|---|
Поглед на црквата „Св. Јошт“ | |
Земја | Словенија |
Област | Штаерска |
Статистички регион | Савињски |
Општина | Велење |
Површина | |
• Вкупна | 4,36 км2 (168 ми2) |
Надм. вис. | 638,7 м |
Население (2002) | |
• Вкупно | 225 |
[1] |
Име
уредиПрво сведоштво за местото постои во документ од 1296 г. кој го именува како Похсрук (Pochsruk), што значи „Козји Грб“[4]. Во 1403 г. веќе се среќава како Козјак (Gosyak и Kosyak).[4] Денес се нарекува „Пашки“ по блиското место Пака, разликувајќи го од соседниот Козјак кај Мислиња.
Историја
уредиПашки Козјак е познат од борбите во НОБ кои се одиграле ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 1944 г. кога словенечките партизани се обиделе да ги пробијат германските редови за да стасаат до масивот Похорје. На местото е подигнат гранитен споменик во сеќавање на загинатите партизани.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Статистички завод на Словенија
- ↑ 2,0 2,1 Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 270.
- ↑ Општински портал на Велење
- ↑ 4,0 4,1 Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 208.
- ↑ Национално културно наследство на Словенија, назнака ešd 4177 (словенечки)
Надворешни врски
уреди- Пашки Козјак — Геопедија (словенечки)