Пача (турски: paça) или пивтија (турски: pıhtı) – вид јадење сварено од нозете или од главата на свиња или говедо.[1] Пачата е традиционално јадење на Балканскиот Полуостров и во Турција, Азербејџан, Ерменија, Авганистан, Иран, Ирак и Монголија, веројатно со многу древно потекло. Турците за подготвување на пача користат јагнешка глава и нозе.

Пача
Македонска пача
РегионБалкан
Температура на послужувањеладна
Главни состојкимесо
Македонска пивтија

Во Македонија, пачата е дел од традиционалната трпеза и вообичаено се служи ладна, како предјадење или мезе, додека некогаш и како главно јадење[2]. Се спрема во зимските месеци, особено за Божик и Водици.

Наводи

уреди
  1. „пача“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Рецепт за пача/пивтија / за оние што не го поднесуваат мрсното има и замена“. Посетено на 2018-07-29.