Пацифик Хајтс (Сан Франциско)
Пацифик Хајтс (англиски: Pacific Heights) е населба во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Таа, со своите панорамски погледи на мостот Голден Гејт, Санфранцискиот Залив, Алкатраз, Палатата на убави уметности и Президио, е позната како дом на многу славни личности.
Оваа населба се протега од улицата Јунион до улицата Буш во правец север-југ и од авенијата Ван Нес до авенијата Президио во правец исток-запад.[1] Други извори ја ограничуваат населбата меѓу улиците Грин и Калифорнија во правец север-југ.[2]
Во 2013 година, Пацифик Хајтс беше прогласена за најскапа населба во САД. Златниот Брег е делот на населбата каде живеат многу милијардери. Западното Проширување, оддалечено само 20-тина улици од Златниот Брег, има многу поевтини цени за недвижности. Титулата како најскапа населба во Сан Франциско ѝ беше потврдена во 2017 година,[3] а вила во вредност од 40 милиони американски долари беше посочена како најскап дом во градот. Во оваа населба живеат и стари богаташи, но и новопечени милијардери од технолошкиот бизнис.[4]
Пацифик Хајтс е сместена на срт во правец исток-запад, кој нагло се издига јужно од Марина и Кау Холоу да достигне максимална височина од 110 метри н.м.в.[5] Населбата има два парка: Лафајет и Алта Плаза. Многу домови имаат поглед кон мостот Голден Гејт, Маринските ридови и островот Алкатраз. На југ се гледаат врвовите Близнаци и кулата Сутро.
Долно Пацифик Хајтс е населбата јужно од улицата Калифорнија до улицата Пост. Порано овие маала се сметале како дел од Западното Проширување,[6] но во 1990-тите им било дадено ново име од страна на агенциите за недвижности.
Наводи
уреди- ↑ „Pacific Heights Residents Association“. web.archive.org. 2010-11-02. Архивирано од изворникот на 2010-11-02. Посетено на 2020-06-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Pacific Heights“. Pacific Heights. Посетено на 2020-06-09.
- ↑ Keeling, Brock (2017-05-01). „San Francisco's most expensive neighborhood is Pacific Heights“. Curbed SF (англиски). Посетено на 2020-06-09.
- ↑ Robinson, Melia. „Inside San Francisco's most exclusive neighborhood, where old money rubs elbows with tech billionaires“. Business Insider. Посетено на 2020-06-09.
- ↑ Bakalinsky, Adah (2013). Stairway Walks in San Francisco. Wilderness Press. стр. 66. ISBN 978-0-89997-637-2.
- ↑ O'Brien, Tricia (2008). San Francisco's Pacific Heights and Presidio Heights. Arcadia Publishing. стр. 7. ISBN 978-0-7385-5980-3.