Улица Јунион (Сан Франциско)

37°47′53.27″N 122°25′38.91″W / 37.7981306° СГШ; 122.4274750° ЗГД / 37.7981306; -122.4274750

Куќи на улицата Јунион.
Италијански рибари поправаат мрежи на пристаниште покрај улицата Јунион во Сан Франциско. Кајчиња се наредени по пристаништето и чекаат на поправки и фарбање, околу 1891 година.

Улицата Јунион (англиски: Union Street) е улица во правец исток-запад во Сан Франциско, Калифорнија, САД.[1] Почнува близу кејот Ембаркадеро, има мал прекин на ридот Телеграф и продолжува покрај улицата Монтгомери. Поминува низ Рашан Хил и пазарната област во Кау Холоу, завршувајќи во Президио. Според одредени извори, улицата Јунион е границата меѓу Кау Холоу на север и Пацифик Хајтс на југ.[2]

Оваа улица е единствената која дозволува двонасочен сообраќај во правец исток-запад низ целиот Рашан Хил. Останатите улици се или еднонасочни или имаат прекини во населбата. Поради ова низ неа поминуваат МЈУНИ линиите 41 и 45.[3]

Наводи

уреди
  1. „Union St“. Union St. Посетено на 2020-06-09.
  2. „Pacific Heights Residents Association“. web.archive.org. 2010-11-02. Архивирано од изворникот на 2010-11-02. Посетено на 2020-06-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Coplon, Dovid (2017-10-10). „Muni System Map (Except During COVID-19)“. SFMTA (англиски). Посетено на 2020-06-09.