Папили на главата од пенисот

Папили на главата на пенисот — мали испапчувања кои може да се појават на круната на главата на пенисот. Тие се безопасни анатомски варијации. Иако погрешно се мешаат со ХПВ, папилите не се сексуални пренослива зараза и не се инфективни.

Папили на главата од пенисот
Папили на главата на пенис.
СпецијалностУрологија Уреди на Википодатоците

Папилите се појавуваат во една или неколку редици во вид на мали бледоцрвенкасти мазни израстоци. Големината може да биде различна, од помалку од 1 мм до 3 мм.[1] Според податоците од 1999, се проценува дека тие се присутни од 8 до 48% од машкото население во светот.[2] Исто така, според истражувањата, се покажало дека тие почесто се појавуваат кај помладите мажи и кај тие кои не се обрежани.[3]

За папилите понекогаш се смета дека се остатоци од пенисните боцки, чувствителни делови на пенисот кај останатите цицачи. Животните кои имаат пенисни боцки имаат подобро сексуално задоволство и побрз оргазам.[4]

Медицинско отстранување

уреди

Папилите не се опасни за здравјето на мажот, но сепак некои мажи или нивните партнери може да ги сметаат за неестетски.[5] Има неколку начини за нивно отстранување. Како и секој медицински потфат има опасност за компликации, па советот на лекарите е да не се отстрануваат истите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Oxford handbook of genitourinary medicine, HIV, and AIDS, Volume 13 by Richard Pattman, Michael Snow, Pauline Handy, Babiker Elawad
  2. Brown, Clarence William (February 13, 2014). „Pearly Penile Papules: Epidemiology“. Medscape. Посетено на 2014-03-08.
  3. Hogewoning JA, Bleeker MC, den Brule AJ; и др. (2003). „Pearly penile papules: Still no reason for uneasiness“. J Am Acad Dermatol. 49: 50–4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Paleoanthropology, Genetics, and Evolution
  5. http://www.nomorepapules.com/WhatisPPP.html[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди