Инч

единица за должина
(Пренасочено од Палец (единица))

Инч, палец или цол, (знак in или ″ - двоен прим) — единица мерка за должина во разни системи, како англискиот, британскиот и американскиот. Големината му варира од систем до систем. Еден јард има 36 инчи, а една стапка има 12. Соодветната единица мерка за плоштина е квадратен инч, а за волумен е кубен инч.

Мерна лента со инчи
1 инч =
SI-единици
0,0254 м 25,4 мм
американски/империјални
136 јарди (yd) 112 стапки (ft)

Инчот е честа единица мерка во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК, лични висини се изразуваат во стапки и инчи. Во Канада ова станува сè поретко.

Традиционалниот македонски палец се разликува од современиот стандардизиран инч, во тоа што 1 палец = 27 мм (2,7 см).[1]

Меѓународен инч

уреди

Во 1958 г. САД и земјите од Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународниот јард на 0,9144 метри. Така, меѓународниот инч е еднаков на 25.4 милиметри.

Стандардниот меѓународен симбол за инч е in (видете ISO 31-1, Анекс A). Во некои случаи инчот се пишува со двоен прим, кој изгледа како наводник, а стапката со прим, која изгледа како апостроф. На пример, 6 стапки 2 инча се обележува со 6′2″. Ова може да предизвика забува, бидејќи единечниот и двојниот прим се меѓународни симболи за аголна минута и аголна секунда.

Еквиваленција на други мерни единици

уреди

1 меѓународен инч е еднаков на:

  • 1,000 тоу (1 тоу = 0,001 инч)
  • околу 0,08333 стапки (1 стапка = 12 инча)
  • околу 0,02778 јарди (1 јард = 36 инча)
  • 2,54 сантиметри (1 сантиметар = ~0,3937 меѓун. инчи)

Примена на инчот

уреди

Дури и во земјите каде се користи метрички систем, инчот може да важи за:

иако фактичката димензија на највеќето од овие производи се искажува во милиметри.

Поврзано

уреди
  1. „палец“Дигитален речник на македонскиот јазик