Павол Јураш - словачки сценограф и костимограф.

Животопис

уреди

Јураш студирал театарска режија на Академијата за изведувачки уметности во Прага, во класата на Љубомир Вајдичка. Исто така, тој студирал и оперска режија на Академијата за сценски уметности „Јаначек“, а завршил докторски студии од областа на интерпретацијата и теоријата на интерпретацијата. Најпосле, тој студирал и оперска режија на Училиштето за музика и театар во Хамбург.[1]

Творештво

уреди

Јураш работел како режисер во повеќе театарски куќи во Чешката Република: Народниот театар во Прага, Националниот театар во Брно, Операта „Јаначек“, театарот „Махен“ итн. Меѓу неговите најуспешни оперски поставки се издвојуваат: „Волшебната флејта“, „Пимпиноне“, „Облеката го прави човекот“, „Одмаздата на цвеќето“ итн. Исто така, тој е автор и на повеќе проекти од отворен тип во кои прави спој на традиционалните и нетрадиционалните типови на музичко-сценски простори, театарот, операта, балетот и драмата. Во продолжение, Јураш осмислил визуелно повеќе изложби, инсталации, концерти, модни ревии и перформанси. Во Народниот театар во Брно, во соработка со Мартин Дохнал, тој поставил три класични бајки: „Заспаната убавица“ (2010), „Пепелашка“ (2011) и „Ѓаволот и Кејт“ (2012). Во 2013 година соработувал со рускиот кореограф Василиј Медведев на балетот „Копелија“, поставен на сцената на Националниот балет на Панама. Со Медведев работел и на балетот „Корсар“ во продукција на Словачкиот национален театар. За сценографијата на балетот „Онегин“ во продукција на театарот „Вјелки“ во Лоѓ, Јураш ја добил престижната награда на фондацијата „Пушкин“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 20.