Павле Крстевски
Павле Божинов Крстевски ( 1918 во Добрача, Кумановско — 20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Павле Крстевски | ||
Роден | 1918 година Добрача, Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 20 октомври, 1944 година Треска, Скопје, Македонија се самоубил со рачна граната, за да не падне во рацете на балистите. |
Животопис
уредиПроизлегува од селско семејство. Се занимавал со земјоделство. Рано стапил во народно-ослободителната борба против непријателот. Поради дејноста против окупаторската власт бил затворен. Три месеци поминал во интернација во Бугарија. По враќањето од интернација се поврзал со Карпошовиот партизански одред. На 9 април 1944 година, стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби против непријателот. Бргу станал популарен меѓу своите другари. На 20 октомври 1944 година, со својата бригада учествувал во борбата против силните балистички и германски формации на реката Треска. Во оваа борба со својот митралез успеал да одбие неколку непријателски налети. Во оваа битка бил тешко ранет во нога. Кога увидел дека се наоѓа во безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на балистичките банди кои ѕверски се однесувале кон заробениците, ја активирал рачната бомба и се самоубил.[1]